вторник, 23 јули 2024
Време

Високи температури и УВ-индекс 9

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 41 Целзиусов степен. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 39 степени.

Според прогнозата на УХМР, продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени.

Од денеска до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во недела во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ