среда, 5 февруари 2025

Висар Муслиу ќе игра во Белгија, потпиша за Сент Труден

Стандардниот македонски фудбалски репрезентативец, Висар Муслиу стави потпис на договор со Сент Труден од Белгија откако претходно го раскина договорот со германскиот клуб, Падерборн.

Објавено на

часот

Сподели

Муслиу пристигна во Белгија, ги одработе медицинските тестови и парафира со тамошниот прволигаш. Тој веднаш ќе се стави на располагање на новиот тренер и ќе се обиде да се наметне во новата средина.

Во кариерата Муслиу преку Гостивар и Ренова стигна до Вардар. Следеше трансфер во Приштина, па играше и за Шкендија пред да се пресели во унгарски Фехервар. Во 2022 година Муслиу направи трансфер во Инголштад, а Падерборн го откупи во јули 2023 за 600.000 евра.

Оваа сезона Висар Муслиу забележа седум настапи во втората Бундеслига.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ