петок, 18 октомври 2024
Македонецот му одговори по мечот

Винисиус му се закануваше на Димитриевски: Ќе се видиме надвор! (ВИДЕО)

Столе Димитриевски синоќа го стави Реал Мадрид во очај, фудбалерите на кралскиот клуб не успеаа да ја затресат неговата мрежа, па нервозата беше голема.
 

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот голман беше прогласен за играч на натпреварот, Димитриевски со неколку совршени интервенции си исфрустрира фудбалерите на Реал Мадрид.

Посебно бесен беше Винисиус кој во еден момент му се закани на Димитриевски велејќи: „Јас и ти, надвор! Јас и ти, надвор!“

По натпреварот шпанските медиуми го прашаа Димитриевски што мисли за заканите од Винисиус.

„Винисиус ми рекол ќе се видиме надвор? Добро, ќе го гушнам. Тој е одличен играч. Мечот беше тензичен и нормално е да има такви работи“, рече Димитриевски по мечот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ