понеделник, 21 октомври 2024

Виктор Орбан: Украинците нема да победат на фронтот

Стратегијата на ЕУ за конфликтот во Украина „не успеа“ и блокот треба да смисли дополнителен план бидејќи Украинците нема да победат на фронтот, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Објавено на

часот

Сподели

На маргините на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, Орбан изјави дека била водена „голема битка“, особено за поддршката за Украина.

Според него, Унгарија не гледа причина зошто би ги праќала парите на своите даночни обврзници како поддршка за Украина.

ЕУ во декември треба да донесе одлука за ревидирање на својот долгорочен буџет од 1,1 трилиони долари, кој е веќе оптоварен од вонредните трошоци за време на пандемијата на ковид-19 и конфликтот во Украина, пишува Ројтерс.

Европската комисија предложи членките да одвојат дополнителни средства во заедничкиот буџет со цел да се обезбедат 50 милијарди евра за Украина и дополнителни 15 милијарди евра за миграција.

Според дополнителниот предлог, за Украина ќе бидат издвоени 20 милијарди евра воена помош.

„Сметаме дека овој предлог не беше соодветно обработен и не е погоден да биде основа на сериозни предлози, поради што моравме да го одбиеме. Беше голема борба, особено за прашањето за Украина“, потенцира Орбан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ