среда, 12 февруари 2025

Видеолотарија касинос Австрија реновираше 11 игралишта во Скопје

Под слоганот Играј со најдобрите, Видеолотарија касинос Австрија  со донација од 30.269.369 денари реконструираше 11 игралишта во Скопје и неговата околина.

Објавено на

часот

Сподели

„Во рамки на нашата стратегија за општествена одговорност, преку проектот Играј со најдобрите, се фокусиравме на обезбедување инфраструктура за спортување. Придобивките ќе ги имаат првенствено најмладите, но и останатите граѓани. Со донација од 30.269.369 денари во изминатиов период, во Скопје и околината, ставивме во функција, 11 игралишта. Од нив 6 се мултифункционални спортски игралишта на кои може да се игра ракомет, фудбал или кошарка, а 5 се инклузивни детски игралишта. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.

Видеолотарија и во иднина, одговорно ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со оваа стратегија, Видеолотарија касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните“, соопшти компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ