сабота, 23 ноември 2024

Вицепремиерот Меџити започна со координативни состаноци со министрите од Вреди

Од коалицијата Вреди информираат дека вицепремиерот Изет Меџити започнал со координативни состаноци со министрите од партиите од коалицијата со цел успешно и ефикасно работење во Владата. Оттаму велат дека од зборови преминуваат на дела.

Објавено на

часот

Сподели

„Во насока на обезбедување висок степен на ефикасност во спроведувањето на нашите програмски заложби, првиот виџепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити започнува пракса на редовна координација со министрите за здравство, европски прашања, економија, добро владеење, труд, демографија и млади, кои се избрани на предлог на коалицијата Вреди.

Ваквиот тип на координација ќе се прошири и со замениците министри и другите избрани и именувани кадри на Вреди во извршната власт.

Остануваме целосно посветени на спроведување на предизборните ветувања и спроведување на политики кои ќе ги решаваат проблемите на граѓаните, ќе го подигнат животниот стандард и ќе обезбедат сигурна иднина.

Фокусирани сме на динамизирањето на ЕУ перспективите, борбата против корупцијата, економскиот развој и децентрализацијата на власта кон општините како прв непосреден сервис за граѓаните.

 

Имаме план и визија за испорачување на резултати во прецизно утврдени рокови. Заедно со претседателот на Собранието  и пратениците од владејачката коалиција ќе предлагаме и усвојуваме соодветни законски решенија“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ