сабота, 22 февруари 2025

Вест Хем го сруши Арсенал, Ливерпу чекор поблиску до титулата (ВИДЕО)

Вест Хем го доби градското дерби против Арсенал и стави крај на серијата на „топчиите“ од 15 натпревари без пораз во Премиерлигата, избраниците на Микел Артета испуштија прилика да го стават Ливерпул под додатен притисок.

Објавено на

часот

Сподели

Ливерпул во средата одигра само 2-2 против Астон Вила, а „црвените“ утре имаат тешко гостување кај Манчестер Сити, па Арсенал можеше денеска да изврши додатен притисок со победа над Вест Хем.

Сепак, избраниците на Микел Артета испуштија добра шанса да ја направат трката за титулата поинтересна.

„Чеканите“ со 0-1 го освоија Емирати и ставија крај на серијата на Арсенал од 15 натпревари без пораз во Премиерлигата.

Клучниот момент се случи во финишот на првото полувреме, кога Боувен со глава ја затресе мрежата за 0-1.

На останатите натпревари од 16 часот, Брајтон со убедливи 0-4 славеше против Саутемптон, а Тотнем со 1-4 триумфираше кај Ипсвич. Кристал Палас со 0-2 го совлада Фулам, а доминацијата на гостите ја заокружи Вулверхемтон со 0-2 против Борнмут.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ