петок, 25 октомври 2024

Велковски потпиша за Динамо Букурешт

Македонскиот репрезентативец, Дарко Велковски кој неколку месеци беше без клуб, стави потпис на договор со Динамо Букурешт.

Објавено на

часот

Сподели

Велковски беше без клуб откако замина од Ал Етифак. По неколку месеци пауза, му се враќа на фудбалот.

Динамо Букурешт денеска соопшти дека го ангажира македонскиот интернационалец, Дарко Велковски.

Тој веднаш ќе отпатува во Анталија каде неговите нови соиграчи се подготвуваат за вториот дел од сезоната.

Динамо Букурешт се бори за опстанок во романската лига, во моментов е на последното место на табелата со 16 бодови, дури сеум помалку од Поли Јаши кој е првиот најблизок конкурент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ