четврток, 30 јануари 2025

Велешкиот суд закажа рочиште за стечајот за Колска, ќе се гласа за планот за реорганизација на фабриката

Од Основен суд Велес информираат дека е закажано рочиште со доверителите за фабриката за шински возила Велес ДООЕЛ попозната како Колска за одлучување за предлогот и гласање за планот за реорганизација изготвен од должникот. Рочиштето е закажано на 19 март во 10 часот во судот во Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Поведена е претходна постапка за испитување на условите за отворање на стечајна постапка со постапка за реорганизација по изготвен план за реорганизација над должникот Друштво Фабрика на шински возила Велес ДООЕЛ, со седиште на улица Алексо Демниевски-Бауман број 69“, објавено е на веб страницата на Основен суд Велес.

На 30 декември 2024 година Основен суд Велес ја извести јавноста дека на 27 декември 2024 доставен е предлог за отворање на стечајна постапка со постапка за реорганизација од должникот Друштво Фабрика за шински возила Велес ДООЕЛ согласно член 215-а и член 215-в од Законот за стечај.

„По испитување на неговата уредност, стечајниот судија ќе постапи согласно одредбите од Законот за стечај“, информираа од Основниот суд Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ