вторник, 22 октомври 2024

Вечерва во Тетово има поплавени дворови, подруми, оштетени возила од невремето

Во Центарот за управување со кризи пристигнуваат јавувања од граѓани ма Тетово и околината според кои од невремето проследено со пороен дожд и силен ветер има поплавено улици и дворови, подруми, како и оштетени возила од паднати гранки од дрвја и од предмети носени од ветерот. Поради вода блокирани се некои улици и патни правци.

Објавено на

часот

Сподели

Покрај оштетени возила на паркингот кај ресторанот Шари во Лисец, за што веќе МКД.мк има објавено, пријавени се штети во Тетово.

Од регионалниот Центар за управување со кризи -Тетово јавуваат за блокиран локален пат за селото Вејце на Шар Планина, како и патот кај тетовската касарна кој е преполн со вода и има едно заглавено возило. Исто така, има затнати канализации во горниот дел од Тетово и во Голема Речица, а големо количество вода има навлезено во приватни куќи, во дворови и подруми.

„Општинскиот кризен штаб е активен и се чека интервенција на кризните места, а од ЦУК, исто така, се запознаени во Јавното комунално претпријатие од Тетово кои информираар дека ќе испратат луѓе на интервенција. Состојбата се следи“, велат од регионалниот ЦУК.

Во ЦУК претходно се добиени повеќе пријави.

„Во 19.49 часот е добиена пријава на 112 во ЦУК дека во повеќе дворови на ул.Иво Лола Рибар во Тетово има влезено вода од улицата после обилните дождови. Има материјална штета.

Добиено е известување за излевање на водата од канализацијата на ул. 169 во Тетово. Водата што се излева од канализација навлегува во дворовите на жителите во ова подрачје и преставува опасност за поплавување на нивните семејни домови.

Добиена е информација на 112 во ЦУК за поплавени подруми од семејни куќи на ул. 172 во правец кон Сточниот пазар во Тетово“, јавуваат од ЦУК.

Инаку, од УХМР известуваат дека Полошкиот регион е зафатен од нестабилна воздушна маса проследена со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на дожд и град (суградица). Исто така, од Радарски центар „Ѓуриште“ телефонски известуваат дека иста е состојбата и во гостиварско и во кумановско, како и дека нестабилната облачна маса се движи кон Србија.

Невремето вчера се прошири и во делови од Скопје и Скопската Котлина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ