Планот на Трамп наводно се состои од притисок врз Украина да се откаже од Крим и Домбас во корист на Русија, велат соговорниците што разговарале со Трамп или со неговите советници.
Трамп претходно зборуваше дека доколку биде избран за претседател на САД на претстојните ноемвриски избори, може да посредува во преговорите меѓу Русија и Украина и да донесе мир за помалку од 24 часа.
Изворите тврдат дека Трамп смета дека Русија и Украина „сакаат да си го спасат образот и бараат начин конфликтот да прекине“, како и дека на населението во Донбас и Крим би му одговарало да живее под руска власт.