Тие ќе се приклучат на американската флота во која ќе бидат вклучени два носачи на авиони и нивните придружни бродови, пренесува американскиот весник.
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин претходно нареди околу 2.000 американски војници да се подготват за распоредување на Блискиот исток како поддршка на Израел, објави Пентагон.
Војниците, кои нема да вклучуваат пешадија, ќе имаат задача да даваат совети и медицинска помош, војниците доаѓаат од сите американски единици и не е предвидено да учествуваат во борбите.
Подготовката за распоредување не мора да значи дека војската ќе биде испратена, туку само го скратува времето за трупите да бидат подготвени да се движат доколку е потребно.