среда, 23 октомври 2024

Вашингтон го советуваше Израел да ја одложи копнената операција

Вашингтон го советуваше Израел да ја одложи копнената операција во Појасот Газа за да добие време за преговори за ослободување на 212 заложници кои ги држеше Хамас, пренесуваат медиумите.

Објавено на

часот

Сподели

Според Њујорк тајмс, кој се повикува на американски официјални претставници, целта на одложувањето била пред се да се обезбеди поголема помош за палестинските цивили.

Весникот наведува дека САД сакаат повеќе време да се подготват за можни напади на групите поддржани од Иран врз американските интереси и проценува дека таквите напади веројатно ќе се интензивираат откако Израел ќе ја започне копнената операција, пишува Гардијан.

Њујорк тајмс додава дека официјални лица рекле дека администрацијата на Бајден „не поставува барања за Израел и дека сè уште ја поддржува копнената инвазија и целта на Израел да го искорени Хамас“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ