петок, 21 февруари 2025

Вардар потврди: Сметката ќе биде одблокирана, долгот ќе се враќа на рати

Фудбалскиот клуб Вардар објави дека е почнат процес за одблокирање на сметката која поради големите долгови беше блокирана во изминатите години.

Објавено на

часот

Сподели

Долгот кој клубот го има кон УЈП и АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор ќе се враќа на рати.

„АД ФК Вардар – Скопје ја известува заинтересираната јавност дека стартуваше со одблокирање на сметката на клубот која беше блокирана од сите претходни раководства во последните 8 години. Денеска стартуваат два договори. Со приложена 120% гаранција исплаќање на долгот кон УЈП на 36 рати и исплаќање на долгот кон АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор на 10 рати“, информираа од Вардар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ