понеделник, 21 октомври 2024

Вардар и Новоматик си подадоа рака, црвено-црните ќе добијат милион евра

Новоматик и Вардар потпишаа договор тежок милион евра, австриската компанија ќе биде генерален спонзор на клубот во наредната сезона.

Објавено на

часот

Сподели

Договорот е едногодишен со можност за продолжување доколку постои задоволство од двете страни. Новоматик ќе биде генерален спонзор на Вардар, но нема да управува со клубот. Ќе има свои луѓе во управниот и надзорниот одбор кои ќе ја следат работата.

Претседателот на Вардар, Милорад Миленковски му се заблагодари на новиот спонзор и изрази надеж дека тој ќе биде тригер и за други компании кои ќе сакаат да инвестираат во клубот.

„Ова е посебен момент за нас кој предивикува многу емоции, ова го чекавме долго време. Целиот труд кој го имавме во изминатиот период наиде на препознавање, горд сум, бидејќи Вардар има светла иднина. Ваквите моменти немавме навика да ги гледаме досега, потпишуваме договор за главно спонзорство, токму ова ни требаше. Да влезе ваква компанија која ќе биде тригер и за други копании. Ова ни е важно бидејќи се случува на стартот од сезоната, бидејќи утре тргнуваме на подготовки. Да кажам со речникот на спонзорот ние влеговме ол-ин во овој проект и на крајот победивме. Ова е победа за Вардар, Новоматик и сите оние кои беа и се дел од клубот. Вардар повторно се враќа на големата сцена, Вардар е најголем бренд македонски, се надеваме дека за брзо време ќе биде и најголем амбасадор надвор од границите на Македонија“, изјави Миленковски.

Милорад Миленковски потенцираше дека истата екипа која во изминатите години го водеше Вардар ќе продолжи да го прави тоа, само што сега ќе биде засилена со партнери кои ќе вложуваат во клубот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ