петок, 14 март 2025

Ванс: Би бил шокиран доколку Трамп сака преместување на нуклеарното оружје подалеку на исток во Европа

Американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс рече дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп сака нуклеарното оружје да се премести подалеку на исток во Европа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ванс одговараше на прашање во врска со изјавата на полскиот претседател дека САД треба да пренесат нуклеарно оружје на нејзина територија како средство за одвраќање на идна руска агресија.

„Не сум разговарал со претседателот за тоа конкретно прашање, но би бил шокиран ако поддржи проширување на нуклеарното оружје подалеку на исток во Европа“, рече тој за време на интервју за Фокс њуз.

Анджеј Дуда ги повика САД да пренесат нуклеарно оружје на полска територија како средство за одвраќање против идна руска агресија, нешто за што неодамна разговарал со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, објави вчера Фајненшл Тајмс.

„Границите на НАТО се поместија на исток во 1999 година, така што 26 години подоцна, инфраструктурата на НАТО исто така треба да се придвижи кон исток. За мене тоа е очигледно. Би било побезбедно ако тоа оружје веќе беше во земјата“, изјави Дуда во интервју, пренесе ФТ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ