понеделник, 21 октомври 2024

Вагнер нема да го напушти Бахмут

Објавено на

часот

Сподели

Пригожин во петокот во видео-снимка изрази големо незадоволство од раководството на руската војска, и се закани дека неговите сили ќе го напуштат Бахмут, епицентарот на борбите во Украина, ако не добијат поголема поддршка.

Тој ја обвини воената команда дека е одговорна за „десетици илјади“ Русија убиени и повредени во Украина и додаде дека постои „закана од голема украинска офанзива со помош на оружјето испорачано од Западот“.

„Во саботата вечерта добивме борбен налог. Ветија (руските сили) дека ќе ни дадат муниција и оружје потребни за продолжување на операциите“, кажа Пригожин денес.

Заменичката на украинскиот министер за одбрана Гана Малјар кажа вчера дека „рускиот непријател продолжи да ги концентрира своите главни напори во секторот на Бахмут и дека бара ресурси за јакнење на своите капацитети“.

Борците на Вагнер се на првата линија на фронтот во борбата за градот Бахмут во источна Украина, каде двете страни претрпеа големи загуби.

И покрај стратегиското значење кое експертите го оспоруваат, Бахмут стана симбол на борбата за контрола на индустрискиот регион Донбас, кој се состои од регионите Луганск и Доњецк. Русија ги анектираше тие региони но презема целосна контрола врз подрачјето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ