Сан Антонио преку социјалните мрежи ја објави веста која ги шокираше кошаркарските фанови.
Венбанјама во последните денови почувствувал болки, а докторите утврдиле дека на едно место има згрутчување на крвта. Според нив, проблемот е изолиран и нема да му предизвика поголеми проблеми, но за секој случај тој нема да игра до крајот на сезоната.
Отсуството на Венбанјама веројатно ќе значи и крај на надежите на Сан Антонио за пласман во плејофот со оглед на неговиот голем допринос во играта.
Се верува дека францускиот кошаркар ќе биде подготвен за настап на Европското првенство кое ќе се одржи во август и септември.