петок, 18 октомври 2024

Утре во „Буква“ средба со српскиот писател Мухарем Баздуљ

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје Баздуљ ќе го промовира својот актуелен, неодамна објавен роман „Невидливата дружба“. За неговото книжевно творештво ќе зборуваат: писателот Александар Прокопиев, потоа Милутин Станчиќ, прв човек на СПОНА, кој ќе зборува за животните ставови на Баздуљ, додека новинарот Иван Беќковиќ со Мухарем ќе разговара за неговата фасцинација од музиката.
Баздуљ по образование е дипломиран студент по англиски јазик. Од родниот Травник, преку Сараево, дошол во Белград, во кој се вљубил заради сеќавањата на татко му за неговите војнички денови. Своето детство го памети како идилична слика на социјалистичко воспитување кога не беше важно на која религија ѝ припаѓате. Војната во Босна драстично смени се…
Македонската публика која ја следи литературата многу добро знае кој е Мухарем Баздуљ. Неговите книги „Кукла од марципан“ и „Ѓаурот и Зулејха“ се веќе преведени на македонски јазик, а Скопје како град одамна го има освоено.
Во случај на неповолните временски услови, местото на одржувањето на промоцијата се преместува во галеријата на КИЦ „Кочо Рацин“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ