понеделник, 24 февруари 2025

Утре нов состанок на Америка и Русија

Американски и руски функционери ќе одржат утре, во вторник, нова средба во Ријад, една недела по разговорот на шефовите на дипломатиите на тие две земји, изјавил дипломатски извор за Франс прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Новиот состанок ќе се одржи откако на 18 февруари шефот на американската дипломатија Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, на првиот разговор на тоа ниво од почетокот на конфликтот во Украина во 2022 договорија воспоставување „механизам за консултации“ за решавање на билатералните несогласувања и именување преговарачи за конфликтот во Украина.

Според анонимниот извор, утрешната средба ќе биде на пониско ниво од претходната.

Овие разговори следат по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, што предизвика загриженост во ЕУ. Трамп неодамна изјави дека планира состанок со Путин во Саудиска Арабија, но датумот уште не е одреден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ