вторник, 18 март 2025

Полицајци ги спуштија штитовите за време на 15-минутниот молк во Нови Сад, добија аплауз (ВИДЕО)

Петнаесетминутниот молк пред зградата на собранието на Нови Сад денес беше прекинат од аплаузот кој граѓаните им го упатија на полицајците кои ги спуштија штитовите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Денес, додека граѓаните протестираа пред градското собрание и се судираа со полицијата, за градоначалник на Нови Сад беше избран кандидатот на владејачката Српска напредна партија (СНС) Жарко Миќин.

Тој е избран со гласовите на советниците од СНС и коалициските партнери кои единствени учествуваа во работата на собранието, додека на опозициските советници, според нивните тврдења, им било оневозможено да влезат во зградата и да учествуваат во седницата на локалниот парламент.

Собраните граѓани полицијата ја гаѓаа со јајца, црвена боја, јогурти и брашно, а на нивните штитови лепеа лепенки со симболи на граѓанскиот отпор.

Пред 11:52, кога вообичаено почнува 15-минутниот молк, граѓаните ги повикаа полицајците да ги спуштат своите штитови, наведувајќи дека нема да гаѓаат за да можат да им оддадат почит на загинатите во падот на стреата.

Кога почнал молкот, повеќето полицајци ги држеле штитовите високо, но пота еден млад полицаец во првите редови во еден момент го спуштил својот штит, по што тоа го направил уште еден.

Граѓаните тогаш го прекинале молкот и аплаудирале.

Петнаесетминутниот молк потоа продолжил, а во 12:07 повторно почнала бучавата и повторно почнале да летаат јајца кон градското собрание на Нови Сад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ