Американски обвинители го бараат 52-годишниот австралиски новинар поради обвинувања поврзани со објавувањето огромни количества доверливи воени и дипломатски документи на САД на Викиликс.
Тврдат дека со нивното објавување биле загрозени животите на американски агенти и дека нема изговор за неговите дела.
Поддржувачите го слават Асанж како новинарски херој, чиј кривичен прогон е политички мотивиран, односно го гонат поради разоткривање на американските воени и политички злосторства.
На дводневното сослушување минатиот месец неговите адвокати побараа дозвола за жалба против одлуката Британија да го екстрадира.
„Тоа е тоа. ОДЛУКАТА Е УТРЕ“, напиша неговата сопруга Стела Асанж на социјалната мрежа Икс.
This is it.
DECISION TOMORROW.
10.30am
Royal Courts of Justice#FreeAssangeNOWhttps://t.co/QzQEvejJNu pic.twitter.com/pt6nIeiaIt— Stella Assange #FreeAssangeNOW (@Stella_Assange) March 25, 2024