среда, 24 јули 2024

Утре и задутре посебен сообраќаен режим кон гробиштата во Скопје

Поради верскиот празник Задушница, МВР најави дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот кон гробиштата.

Објавено на

часот

Сподели

Од 6 часот утре и задутре сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по ул.Бутелска, лево по ул.Александар Урдаревски, лево по ул.Боца Иванова и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по ул.Боца Иванова, до кружниот тек на ул.Бутелска, па лево по ул.Бутелска и десно по ул.Кемал Сејфула.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ