недела, 23 февруари 2025

Уставниот суд утре ќе расправа за условите за унапредување на членовите на Советот на јавни обвинители

На иницијатива на обвинителката Ленче Ристоска, Уставниот суд на утрешната седница ќе расправа за уставноста на Деловникот за работа на Советот за јавни обвинители (СЈОРМ). Според Ристоска за времетрањето на мандатот, членовите на СЈОРМ избрани од редот на јавните обвинители не вршат јавно-обвинителска функција и не може да бидат оценувани за подоцна врз основа на тоа да напредуваат во кариерата. Според деловникот, мандатот на членовите на СЈОРМ избрани од страна на јавните обвинители влегува во позитивно оценет јавно-обвинителски стаж освен во случаи предвидени во Законот за СЈОРМ. Освен ова, на утрешната седница, уставните судии ќе расправаат и по иницијативата за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик донесен на 7 март 2024 година поднесена од неколкумина граѓански активисти меѓи кои и независни советници во скопски општини. На утрешната седница се и иницијативи за оценување на уставноста на закони и подзаконски акти од областа на сметководителството, служба во армијата, вработување во јавни здравствени установи, урбанизам…

 

Објавено на

часот

Сподели

„За времетрањето на мандатот , членовите на Советот на јавни обвинители избрани од редот на јавните обвинители не вршат јавно-обвинителска функција и не може да бидат оценувани, односно тие во конкретниот период не може да реализираат ‘позитивно оценет јавно-обвинителски стаж’. Станува збор за прашање кое не може да се уредува со Деловник, бидејќи изворно не е уредено со законски пропис, па се остава впечаток дека членовите сами си доделиле право и поволност кои законодавецот не им го гарантирал. Од ова придобивка имаат самите членови кои по завршување на мандатот во Советот на јавни обвинители се унапредени во повисоки позиции во јавните обвинителства“, наведува Ристоска во иницијативата.

Освен ова, на утрешната седница, уставните судии ќе расправаат и по иницијативата за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик донесен на 7 март 2024 година поднесена од неколкумина граѓански активисти меѓу кои и независни советници во скопски општини.

„Со оспорените членови се прави измена на  членовите 61 и 62 од Изборниот законик , кои се однесуваат на условите за поднесување листи на независни кандидати за пратеници, како и за членови на совети и градоначалници со што драстично е подигнат прагот за поднесување на независни граѓански листи на изобри на 1 отсто од гласачкото тело, што предизвикува нееднаква положба на граѓаните при здружување  во иницијативни групи за поднесување на независни листи за учество на изборите. Овие измени создаваат нееднаквост на граѓаните и дискриминација во корист на партиите, имајќи предвид дека секоја партија која исто така претставува група граѓани, може да поднесе листи со кандидати, а е регистрирана со 1.000 гласачи. Дополнително, спорно е што измените се донесени во нетранспарентна и скратена постапка, без претходни консултации и јавна расправа“, се наведува во иницијативата.

На утрешната седница се и иницијативи за оценување на уставноста на закони и подзаконски акти од областа на сметководителството, служба во армијата, вработување во јавни здравствени установи, урбанизам…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ