петок, 21 февруари 2025

Уставниот суд поведе постапка за оценување за условите за унапредување на членовите на Советот на јавни обвинители

Уставниот суд донесе одлука да поведе постапка за оценување на стажот на членовите на Советот на јавни обвинители кои се избрани од редот на јавните обвинители (СЈОРМ). Оваа одлука е резултат на иницијативата поднесена од обвинителката Ленче Ристоска, која оспори дел од деловникот за работа на советот. Според Ристоска за времетрањето на мандатот, членовите на СЈОРМ избрани од редот на јавните обвинители не вршат јавно-обвинителска функција и не може да бидат оценувани за подоцна врз основа на тоа да напредуваат во кариерата. Во врска со иницијативата за Изборниот законик со која се оспорува прагот за поднесување на независни граѓански листи на изобри на 1 отсто од гласачкото тело, на денешната седница немало мнозинство бидејќи гласањето било изедначено поради отсуство на судијката Ана Павловска Данева.

Објавено на

часот

Сподели

Во иницијативата е наведено дека оспорената одредба е во спротивност со Уставот, со Законот за Совет на јавни обвинители и со Законот за јавното обвинителство.

„Подносителката наведува дека за времетрањето на мандатот, членовите на Советот на јавни обвинители избрани од редот на јавните обвинители не вршат јавно-обвинителска функција и не може да бидат оценувани, односно тие во конкретниот период не може да реализираат ‘позитивно оценет јавно-обвинителски стаж’. Се тврди дека станува збор за прашање кое не може да се уредува со Деловник, бидејќи изворно не е уредено со законски пропис, па се остава впечаток дека членовите сами си доделиле право и поволност кои Законодавецот не им го гарантирал. Од ова придобивка имаат самите членови кои по завршување на мандатот во Советот на јавни обвинители се унапредени во повисоки позиции во јавните обвинителства“, се наведува во иницијативата.

Во врска со иницијативата за Изборниот законик со која се оспорува прагот за поднесување на независни граѓански листи на изобри на 1 отсто од гласачкото тело, на денешната седница немало мнозинство бидејќи гласањето било изедначено поради отсуство на судијката Ана Павловска Данева.

Подносителите на иницијативата Лилјана Поповска, Ѓорѓи Танушев, Костадин Ристоманов, Стојанчо Велков, Невена Георгиевска, Татјана Стојановска, Дејан Димитровски, Драгана Велковска, Горјан Јовановски, Јана Белчева-Андреевска, Јане Димески преку полномошник адвокатска канцеларија Петрушева, сметаат дека со оспорените членови се прави измена на дел од Изборниот законик, кои се однесуваат на условите за поднесување листи на независни кандидати за пратеници, како и за членови на совети и градоначалници.

„Се тврди дека е драстично подигнат прагот за поднесување на независни граѓански листи на изобри на 1 отсто од гласачкото тело, што според нив предизвикува нееднаква положба на граѓаните при здружување  во иницијативни групи за поднесување на независни листи за учество на изборите. Се наведува дека овие измени создале нееднаквост на граѓаните и дискриминација во корист на партиите, имајќи предвид дека секоја партија која исто така претставува група граѓани, може да поднесе листи со кандидати, а е регистрирана со 1.000 гласачи. Дополнително, според подносителите спорно е што измените се донесени во нетранспарентна и скратена постапка, без претходни консултации и јавна расправа“, наведуваат од Уставниот суд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ