среда, 23 октомври 2024

Универзитетот Јеил се извини за ропството: „Некои од нашите лидери поседувале луѓе“

Универзитетот Јеил вчера се извини за поврзаноста со ропството по неколкугодишно истражување и проучување, кое, како што вели, продрело во нивните темелни врски со трговијата со робови.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Денес, во име на Универзитетот Јеил, ја признаваме историската улога и поврзаноста на нашиот универзитет со ропството, како и работата, искуствата и придонесите на поробените луѓе во историјата на нашиот универзитет, и се извинуваме за начините на кои лидерите на Јеил во текот на нашата рана историја учествувале во ропството“, се вели во соопштението на тој престижен американски универзитет.

Последниве години, сè поголем број институции официјално се извинија за нивната историска улога во трансатлантската трговија со робови. Желбата за соочување со расистичкото наследство во САД доби на интензитет во 2020 година по смртта на Џорџ Флојд, црнец што беше убиен од полицаец од Минеаполис.

Од октомври 2020 година, членовите на проектниот тим на Јеил ги истражуваа врските на универзитетот со седиште во Конектикат со ропството и ги објавија своите наоди.

„Иако немаше познати записи дека Универзитетот Јеил поседувал поробени луѓе, многумина од татковците-основачи на Јеил поседувале робови, како и значителен број од раните водачи на Јеил и други истакнати членови на универзитетската заедница, а истражувачкиот проект идентификувал над 200 поробени луѓе“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ