сабота, 19 октомври 2024

УНЕСКО сака да ја стави Венеција на листата на загрозено светско наследство

Објавено на

часот

Сподели

„Ефектите од континуираното пропаѓање благодарение на интервенциите на човекот, вклучително и континуираниот развој, ефектите од климатските промени и масовниот туризам се закануваат да предизвикаат неповратни промени на извонредната универзална вредност на локацијата“, предупредија во понеделникот експерти од агенцијата на Обединетите нации.

УНЕСКО се надева дека со вклучување на Венеција на листата на светско загрозено наследство, ќе се поттикне поголема посветеност на локалното население, националните и меѓународните фактори да развијат ефективни и одржливи корективни стратегии.

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ќе ја разгледа оваа препорака за време на состанокот во септември. Две години претходно Комитетот отфрли слична препорака на експерти за ставање на Венеција на таканаречената црвена листа.

Од 1987 година, Венеција и нејзината лагуна се на листата на УНЕСКО за образовно, научно и културно светско наследство. Во Венеција со децении се повторуваат поплави, особено во есенските и зимските месеци, иако градот, кој се справува и со масовен туризам, сега има систем за заштита од поплави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ