петок, 18 октомври 2024

Ултра олеснување за „зелена дигитализација”

Објавено на

часот

Сподели

На овој начин, се приближуваме кон светските трендови каде електронските комуникации добиваат статус на правно обврзувачки документи. Дигитално потпишување на договори, достава на решенија, одлуки и други акти, како и е-нотификации се само дел од услугите. Интегрирањето на ова решение во деловните процеси на компаниите и институциите, како и дигитализирањето на нивните услуги, овозможува зголемување на брзината на достава, намалување на фиксните трошоци и придонесува кон „зелена дигитализација”.

Дополнително, претставници од адвокатското друштв Пепељугоски ја објаснија европската регулатива (eIDAS), законот за заштита на лични податоци, како и правно издржаните елементи на решението. Според интерпретирањето на постоечката национална законска регулатива, Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, доказот за препорачана достава може да се третира како валиден.

ф

На настанот присуствуваа повеќе од 70 претставници од осигурителни компании, банки, министерства, судови, регулаторни тела, претставници на коморите на извршители и нотари, како и членови од академската заедница.

Ултра ДОО е македонска ИКТ компанија која опстојува на нашиот пазар повеќе од 33 години со цел да ги направи бизнисите поконкурентни и да придонесува за позитивни промени во општеството со користење на ИКТ технологии. Компанијата Lleida.net е кфалификуван давател на доверливи услуги во Европска Унија (ЕУ) и присутна со своите решенија во повеќе од 15 земји низ светот.

Заедно, Ултра и Lleida.net имаат цел да го трансформираат и олеснат процесот на препорачана достава на документи и поедноставување на деловните процеси во нашата држава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ