понеделник, 21 октомври 2024

Украинска бригада: 19 војници загинаа за време на церемонија на доделување награди

19 војници од 128-та специјална планинско-јуришна Закарпатска бригада загинаа во руски ракетен напад за време на доделување награди, соопшти таа единица на украинската армија.

Објавено на

часот

Сподели

Се додава дека во нападот на 3 ноември во Запорошката областа загинале најдобрите војници и дека се води темелна истрага за околностите на трагедијата, пренесува агенцијата Униан.

Претходно, украинскиот пратеник Михајло Волинец објави дека загинале 28 војници, а повеќе од 50 се ранети.

Украинските медиуми претходно објавија дека руските сили на 3 ноември во близина на селото Заречное во областа Запорожје истрелале ракета „искандер-М“ кон војници на 128-та бригада на вооружените сили на Украина, за време на церемонија на доделување награди по повод Денот на артилеријата.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров изјави дека наредил истрага и дека одговорните ќе бидат казнети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ