недела, 14 јули 2024

Украинците повикуваат на стратешки молк: „Војската ве моли за тишина“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Сѐ повеќе украински функционери споделуваат видео на социјалните мрежи во кое украинската војска повикува на „тишина“. Вчера истото го стори и Антон Герашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи.

„Вооружените сили на Украина бараат молк во информативниот простор“, рече Герашченко покрај видеото, во кое наизменично се менуваат кадри на војници кои со гестот прст на устата повикуваат на тишина.

Видеото завршува со слики од борбените авиони Ф-16 – долго посакувани од Киев, кој се обидува да ја зајакне својата воздушна одбрана од руски ракети и беспилотни летала.

„Плановите сакаат тишина. Почетокот на контраофанзивата нема да биде објавен“, стои во текстот прикажан на крајот од видеото, што го сподели и заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ