„Успешна операција на ГУР, активностите продолжуваат“, изјави соговорникот за Униан без да даде дополнителни детали.
Шефот на Република Северна Осетија, Сергеј Мењаило, денеска на својот канал на Телеграм објави дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле три украински беспилотни летала.
„Според прелиминарните информации, беспилотните летала пристигнале од украинска страна, нивна цел бил воениот аеродром“, изјави Мењајло.
Униан наведува дека на аеродромот во Моздок има бомбардери Ту-22М3, кои оттаму полетуваат за да извршат масовни напади врз Украина.