сабота, 19 октомври 2024

Украина тврди дека со поморски дрон натоварен со 450 кг ТНТ оштетила голем руски десантен брод (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Како резултат на нападот, на Оленегорски е направена сериозна дупка и тој моментално не може да ги извршува своите борбени мисии. Сите руски изјави за ‘одбиениот напад’ се лажни“, рече изворот, пренесува Интерфакс Украина.

Агенцијата Униан наведува дека на снимката која ѝ ја доставиле извори од украинската СБУ се гледа како поморски дрон на СБУ со 450 килограми ТНТ напаѓа руски брод со околу 100 членови на екипажот.

Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на својот извор, исто така објави дека руски брод бил оштетен во акција на украинската СБУ и морнарицата.

Министерството за одбрана на Русија претходно соопшти дека е одбиен обидот за напад на базата во Новоросијск со поморски дронови на украинската морнарица.

На социјалните мрежи се појави нова снимка на која наводно се гледа брод, оштетен при напад на база на Црното Море во руски Новоросијск. „Дроновите на украинската морнарица го нападнаа и успеаја да го оштетат рускиот јуришен амфибиски брод Оленегорски Горник, кој сега плута на страна и го влечкаат“, пишува Ноелрепортерс, веб-страница која ја следи војната во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ