петок, 18 октомври 2024

Украина: Северна Кореја стана учесник во војната

Украина побара од своите сојузници да воведат нови санкции против Пјонгјанг, тврдејќи дека Северна Кореја станала фактички учесник на војната во Украина на страната на Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека неговите разузнавачки служби потврдиле дека Северна Кореја ја снабдува Русија со оружје и персонал, тврдења кои ги изнесе и пред неколку дена.

„Тоа се работници за руските фабрики за да се надоместат Русите убиени во војната. И персонал за руската војска. Всушност, тоа претставува учество на друга земја во војната против Украина на страната на Русија“, кажа Зеленски. Кремљ ги отфрла тврдењата дека Северна Кореја испраќа свои државјани како „лажни вести“.

Москва и Пјонгјанг кажаа дека ќе ги зајакнат воените врски, што може да вклучува заеднички вежби. Украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибиха кажа дека сојузниците на Киев треба силно да одговорат, вклучувајќи воведување нови санкции и понатамошна изолација на Пјонгјанг, кој се приближи кон Русија по почетокот на конфликтот во Украина.

Портпаролот Белата куќа Шон Савет кажа дека вклученост на севернокорејски војници во Украина, доколку е вистина, би претставувало значително јакнење на одбранбениот однос меѓу Северна Кореја и Русија. Вашингтон исто така тврди дека Северна Кореја ја снабдува Русија со балистички проектили и муниција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ