понеделник, 21 октомври 2024
Киев ѝ возвраќа на Москва

Украина подготвува голем напад со беспилотни летала за зимата, цел ќе бидат различни региони на Русија

Шефот на главната дирекција за борбени ударни системи на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Серхиј Баранов, изјави дека Украина подготвува голем напад со беспилотни летала врз различни региони на Русија за зимата.

Објавено на

часот

Сподели

Серхиј Баранов за Индепендент изјави дека нападите „ќе предизвикаат многу проблеми“ за Русија во следните неколку месеци.

Тој изјави дека и полуостровот Крим, чија анексија беше прогласена од Русија во 2014 година, ќе биде под напад на украинските беспилотни летала, пренесува агенцијата Униан.

Според украинскиот генерал, Украина со овие напади сака да ги консолидира „значајните успеси“ во последните недели, кога, како што наведе, биле погодени „многу од најважните воени објекти“ на Крим и во руските градови.

Од почетокот на нападот врз Украина на 24 февруари 2022 година, Русија објави дека Украина врши напади со беспилотни летала на области во Русија долж границата, на Крим, но и на Москва.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ