понеделник, 21 октомври 2024

Украина отпушти високи функционери за сајбер одбрана поради корупција

Украина отпушти двајца високи функционери за сајбер безбедност поради истрага за наводна проневера, изјави висок владин претставник.

Објавено на

часот

Сподели

Владата го отпушти Јуриј Шчихол, шеф на украинската служба за специјални комуникации и заштита на информации и неговиот заменик Виктор Жора, напиша владиниот претставник во парламентот Тарас Мелничук на комуникациската платформа Телеграм.

Смените дојдоа во време кога антикорупциски истражители објавија дека спроведуваат истрага над службеници на позиции поврзани со сајбер одбраната за проневера на 62 милиони украински гривни (околу 1,5 милиони евра) во 2021 година, во која учествувале шест лица.

Украина ги засили напорите за борба против корупцијата додека се обидува да стане членка на Европската унија, на која борбата против корупцијата ѝ е клучен предуслов за почеток на преговорите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ