сабота, 19 октомври 2024

Украина објави која е нејзината цел во војната

Објавено на

часот

Сподели

„Стратегиската цел на Украина, покрај безусловното враќање на териториите, е создавање услови кои оневозможуваат повторување агресија во иднина“, истакна Подолјак.

Според него, територијата е клучна, додавајќи дека секое „сценарио на замрзнување на војната“, во кое Русите би ја задржале територијата која во моментов ја контролираат и која ја анектираа, би бил неприфатлив.

Тој смета дека таквата ситуација „само би ја поттикнала Москва да го зголеми апетитот и да се врати на војната по кратка пауза“.

Подолјак порача дека „нема алтернатива“ на „мировната формула“ на Киев, која содржи јакнење на војската, забрзување на снабдувањето со оружје, деокупација на територијата, промена на власта во Русија, компензација од новата влада и задолжително казнување на воените злосторници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ