„Како може да знаеме дека Путин навистина сака мир и дека сака да преговара“, прашува Кира Рудик, „а потоа кој или што ќе осигури дека Путин ќе си го одржи зборот“.
Запрашана дали може да замисли дека Украина се согласила со решение со кое би ѝ отстапила територија на Русија, Рудик вели „нема да се откажеме од нашите територии“.
„Сепак, можеме, како што рече претседателот Зеленски, да ја одложиме нашата цел да си ги вратиме.“
Запрашана дали може да замисли дека украинскиот претседател би можел да седне на преговарачка маса со Путин, Рудик вели „тој не мора да биде сам на таа маса… тој мора покрај себе да ги има европските лидери и се надевам и претседателот Трамп, во спротивно тоа нема да има никаков резултат“.