вторник, 22 октомври 2024

Украина ќе прекине да пренесува руска нафта во Европа

Украина на крајот на годината ќе прекине со транзитот на руските нафта и гас преку своите цевководи бидејќи тогаш истекува актуелниот договор и тој нема да биде обновен, кажа советник на украинската влада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Михајло Подолјак, советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кажа во интервју за Новини дека актуелниот договор истекува на крајот на годината и иако не може еднострано да биде раскинат, „нема сомнеж дека ќе престане да важи на 1 јануари 2025 година“.

Киев е спремен да транспортира гас од централноазиските земји или од Азербејџан во Европа, но не од Русија за на Москва да ѝ се укине тој извор на приход. Договорот за транзит на рускиот гас во Европа преку Украина меѓу Газпром и Нафтогаз истекува на 31 декември.

И покрај конфликтот, кој почна во февруари 2022 година, Киев продолжи да ги исполнува одредбите на договорот, делумно на инсистирање на европските соседи, пред сè Унгарија. Но украинскиот лидери јасно дадоа до знаење дека нема да го продолжат.

Унгарија, Чешка и Словачка се последните земји кои добиваат руска нафта преку нафтоводот Дружба. Северниот дел од нафтоводот кој води во Германија главно е изгасен поради западните санкции на руската нафта.

Според руските медиуми, казахстанската подружница на италијанската енергетска компанија Ени почнала да испраќа нафта од Каспиското Езеро преку тој нафтовод во август. Иако тој компромис ѝ овозможува на Русија да остварува профит од транзитот, не ѝ дозволува да продава своја нафта во ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ