сабота, 19 октомври 2024

Украина ги отстрани српот и чеканот од статуата во Киев, реагираше Русија

Објавено на

часот

Сподели

Споменикот на татковината во Киев е висок 62 метри и е направен од челик. Неговата изградба започна во 1979 година, а до неодамна прикажуваше жена која држи меч и штит украсен со советски симболи. Сега на штитот се наоѓа украинскиот трозабец.

Минатиот месец работниците почнаа да го вадат од штитот грбот на Советскиот Сојуз. „Веруваме дека оваа промена ќе биде почеток на нова фаза во оживувањето на нашата култура и идентитет, конечно отфрлање на советските и руските симболи и наративи“, соопшти украинското Министерство за култура.

Руското Министерство за надворешни работи брзо реагираше и ја осуди замената на патриотските симболи на познатата статуа од советската ера. Портпаролката на министерството Марија Захарова на Телеграм напиша дека на споменикот „Мајка на татковина“ во Киев е поставен трозабец.

„Ова ја покажува суштината на режимот во Киев и неговите киборзи. Не можете да го промените името на мајка си. Единственото нешто што можете да направите со неа е да ја сакате. А тие не знаат како“, додаде таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ