Според УЈП, до петокот, до крајот на работниот ден, од очекуваните 7 396 ДДВ пријави, поднесени се 1 862 што е 25 отсто од вкупниот број за овој даночен период.
„Ова покажува дека значителен број на обврзници сè уште не ја исполниле својата законска обврска, односно остануваат да се поднесат уште 5 534 ДДВ – 04 пријави. Апелираме, сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат стрес, казни и дополнителни финансиски трошоци. Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата“, наведува УЈП.
Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на [email protected] или на телефонските броеви 0800 33 000 и 02 3253 200.