недела, 27 октомври 2024
Меѓу редови ја признаа грешката

УЕФА го отстрани ВАР судијата кој „кумуваше“ на контроверзниот пенал за ПСЖ

Објавено на

часот

Сподели

Контроверзниот пенал кој го доби ПСЖ и со кој Њукасл остана без победа на гостувањето во Париз е топ тема по синоќешните натпревари во Лигата на шампионите.

УЕФА не го коментира судењето, но Европската куќа на фудбалот меѓу редови ја призна грешката со тоа што го отстрани ВАР судијата Томаш Квјатковски, па Полјакот нема да биде во ВАР собата на вечерашниот натпревар помеѓу Реал Сосиедад и РБ Салцбург.

Имено, Томаш Квјатковски вчера го повика својот сонародник Шимон Марчињак уште еднаш да го погледне моментот кога Тино Ливарменто играше со рака по нафрлувањето на Осман Дебеле и препорача одлуката на теренот да биде променета.

Потегот е прилично контроверзен со оглед на тоа дека топката прво удри во телото на Тино Ливраменто, па потоа во неговата рака, а се чини и дека раката на фудбалерот на Њукасл е во природна позиција, со што нема доволно елементи за најстрога казна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ