„Учениците успеаја да стоплат 265 детски срца! Тимот обезбеди 265 постелнини за дечињата од Универзитетска клиника за детски болести. Како што и ветија, секој собран денар од боќиќниот базар го донираа за барем малку да им го олеснат животот на малите борци на детската клиника.
За добрина е потребно само малку, а тоа го покажаа и ученици на ЕЛА кои ја вложија својата креативност и труд и изработија извонредни новогодишни украси и картички и истите ги изложија во Погон бар, а целата акција резултираше во стоплување на срцата на 256 деца!
‘Ние сме исклучително горди на нашите мали херои и ветуваме дека ќе продолжиме со ширење на љубовта и топлината секогаш! Наша најголема желба е сите деца да бидат здрави во 2024’, велат Сања и Марија, координатори за образовни стратегии и развој, се вели во соопштението од ЕЛА.