петок, 18 октомври 2024
Телото било најдено во автомобилот на жртвата од неговите синови

Убиство во скопска Железара, до смрт избоден лекар

Вчера пред полноќ со убоди најверојатно од нож убиен е лекар од амбулантата во скопска Железара. Станува збор за А.Т.(67) од Скопје. Убиството го потврди и МВР од каде што велат дека лицето било најдено во својот автомобил во парк во близина на поранешна клиника Железара, а бил најден од неговите синови. Тие го барале откако не се вратил дома, а потоа бил најден изборен во неговиот автомобил.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ