петок, 8 ноември 2024

За бугарските власти и чествувањето на Кресненското востание од македонските организации е антидржавно

Чествувањето на Кресненското востание на македонските организации од Пиринска Македонија за бугарските власти е противуставно и насочено кон загрозување на територијалниот интегритет на Бугарија.

Од претходните одбележувања на Кресненското востание на Македонците од Пиринска Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Во одговорот на барањето на македонските организации за организирана посета на споменикот на Димитар Беровски, кметот на Кресна Николај Георгиев вели дека затоа што ОМО Илинден е противуставна организација и чествувањето на Кресненското востание може да биде антидржавно и против територијалниот интегритет на Бугарија.

Македонските организации од Пиринска Македонија секоја година организираат посета на спомениците на Димитар Беровски во Кресна и на загинатите од Кресннеското востание во Стара Кресна.

И покрај ваквиот одговор од општината Ангел Радонов, претседателот на Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград вели дека тие и годинава ќе положат свежо цвеќе на спомениците. „Нема кој да нè сопре. Еве гледате каква е демократијата во Бугарија и во Евроспката Унија“, изјави за МКД.мк Радонов.

Македонското Кресненско востание во бугарската историографија е познато како Кресненско-разлошко востание. Ова востание на македонскиот народ против отоманската власт е кренато  17 октомври 1878 година во долината на реката Струма во Пиринска Македонија. Димитар Поп Георгиев Беровски беше водач и на Разловечкото и на Кресненското востание.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ