вторник, 22 октомври 2024

Убиени сопругата и двете ќерки на коментатор на Би-би-си (ФОТО+ВИДЕО)

Во тек е голема потрага по напаѓачот, 26-годишен маж осомничен за убиство на три жени во Хертфордшир, Велика Британија.

Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Кајл Клифорд се бара во врска со смртта на жените кои беа пронајдени мртви во куќа во Ешлин Клоус, Буши, кратко по 19 часот во вторникот, соопшти полицијата во Хертфордшир. Сите три жени биле во роднинска врска.

Како што пренесуваат британските медиуми, маж убил жена (61) и нејзините две ќерки на возраст од 25 и 28 години.

Мирор наведува дека жртвите се сопругата и ќерката на коментаторот за трки на „Би-би-си во живо во пет“, Џон Хант, за кој се претпоставува дека работел за Би-би-си трки во вторникот и можеби го вклучил алармот кога се вратил дома.

Локалните медиуми пренесуваат дека мажот е поранешно момче на една од ќерките.

Екипите за итна помош се обиделе со реанимација, но тоа било неуспешно.

Клифорд, од Енфилд, северен Лондон, можеби има самострел со себе, соопшти полицијата.

Во потерата се вклучени специјализирани екипи и вооружени полицајци.

Полицијата верува дека во инцидентот бил употребен самострел, но и дека можеби било употребено и друго оружје.

Јавноста е предупредена да не му приоѓа на осомничениот, кој сѐ уште има самострел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ