На почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд, особено во вторник. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник ќе засилува јужен ветер.
Минималната утринска температура ќе се спушти до два степена, максималната дневна за викендот ќе достигне до 29, а во наредните денови до 25 степени.