Лондонската берза ЛСЕ е една од најголемите и најстари европски берзи.
Полицијата сооопшти дека активистите планирале да предизвикаат штета и да го спречат отворањето на зградата на берзата за утрешното тргување. Во соопштението се наведува дека три лица се уапсени во градот Ливерпул на северот на Англија, две во Лондон и едно во јужниот крајбрежен град Брајтон.
„Ова се важни апсења. Веруваме дека оваа група била спремна да изврши попречувачка и штетна акција која можела да има сериозни импликации ако била успешно изведена“, кажа детективот Шон Томас.
Полицијата соопшти дека на сите уапсени им е одреден притвор.