понеделник, 21 октомври 2024

Уапсен скопјанец, полицијата дома му нашла 140 грама амфетамин

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при одделот за криминалистичка полиција, во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, завчера го лишиле од слобода 27 годишниот М.Л. од Скопје.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, а во кој било употребено и службено куче, биле пронајдени и одземени две пакувања со околу 140 грама амфетамин.

Уапсениот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ