понеделник, 21 октомври 2024

Турскиот парламент го одобри барањето на Шведска за членство во НАТО

Турскиот парламент го одобри пристапувањето на Шведска во НАТО по повеќемесечните разгледувања, оставајќи ја Украина како единствена пречка на проширувањето на западниот воен пакт на север.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Минатиот месец парламентарниот одбор за надворешни работи даде согласност за кандидатурата на Шведска во првата фаза на законодавниот процес, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го испрати својот протокол за пристапување на одобрување од пратениците.

Владејачката партија на Ердоган и нејзините сојузници имаат мнозинство во парламентот и се очекуваше протоколот да биде одобрен во текот на денот.

Тој ќе стапи на сила по објавување во службениот весник на земјата, што се очекува да биде брзо.

Шведска вети подлабока соработка со Турција во борбата против тероризмот и дека ќе ја поддржи амбицијата на Турција да ја заживее својата кандидатура за членство во ЕУ.

Главната турска опозициска партија исто така го поддржува членството на Шведска во воениот пакт.

Ердоган ја поврза ратификацијата на шведското членство во НАТО со одобрувањето на американскиот Конгрес на Турција да купи 4 борбени авиони Ф-16 и да ја модернизира поморската флота.

Тој ги повика Канада и другите сојузници во НАТО да го укинат ембаргото на оружје на Турција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ