понеделник, 21 октомври 2024

Турскиот парламент ги исфрли Кока Кола и Нестле од своите ресторани

Турскиот парламент денеска ги исфрли производите на Кока-Кола и Нестле од своите ресторани поради наводната поддршка за Израел, се дознава од официјалното соопштение и извор кој ги наведе тие две компании.

Објавено на

часот

Сподели

„Производите на компаниите кои го поддржуваат Израел нема да се продаваат во рестораните, кафулињата и чајџилниците во кругот на парламентот“, соопшти турското Големо национално собрание.

Одлуката ја донесе претседателот на парламентот Нуман Куртулмуш со цел да ја „освести“ јавноста за бојкотот на производите на споменатите компании кои отворено ги поддржале, како што тврди, „израелските воени злосторства и убиствата на невини луѓе во Газа“.

Во соопштението на парламентот не се наведува точно како Кока-Кола и Нестле ја поддржуваат воената кампања на Израел.

Минатиот месец, како одговор на воената состојба, Нестле соопшти дека привремено затвора еден од своите производствени капацитети како „мерка на претпазливост“. Турскиот претседател Таип Ердоган и неговата влада остро го критикуваат нападот на Израел врз Газа и поддршката на Западот за Ерусалим.

Израел започна напад врз Појасот Газа пред точно еден месец кога исламистичката група Хамас изврши масакр во јужен Израел, при што во еден ден беа убиени 1.400 луѓе во напади на заедници и музички фестивал, додека 240 луѓе беа киднапирани.

Здравствените власти во Газа, контролирани од Хамас, тврдат дека над 10.000 Палестинци, вклучително и околу 4.000 деца, загинале во едномесечното израелско бомбардирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ